Во затворската ќелија на МДЦ Бруклин, каде што се наоѓа црногорскиот поранешен боксер Горан Гогиќ, кој беше поврзан со Кавачкиот клан и кој е зад решетки во САД од 2022 година за 20 тони кокаин, пронајден е телефон, како и фотографии и доверливи информации за сведоците во неговиот случај.

Според порталот „Њујорк дејли њуз“, американските федерални обвинители во поднесок до Окружниот суд во Бруклин тврдат дека постоела шема за влијание и заканување на сведоците во постапката против црногорскиот боксер, кој се соочува со обвинувања дека играл клучна улога во операцијата со која се шверцувале повеќе од 20 тони кокаин, во вредност од над милијарда долари, преку американските пристаништа.

Скандал

  • Обвинителите тврдат дека во ќелијата во затворот во Њујорк, каде што се наоѓа затвореникот Горан Гогиќ, се пронајдени, а потоа конфискувани фотографии и доверливи информации за одредени сведоци. Станува збор за фотографии од семејството на еден сведок. Обвинителите, исто така, побараа поради овој случај, да им се одземат правата на некои адвокати, сè додека не се утврди дали можеби биле вклучени во доставувањето на доказен материјал и фотографии.

Гогиќ, чие судење за трговија со дрога беше одложено по обвинувањата за обид за манипулирање со поротата, бидејќи наводно му платил на поротник 100.000 долари викендот пред самото главно рочиште.

  • Покрај фотографиите означени како „доверливо“ и документите што содржат информации за семејството на сведокот во неговиот случај, стражарите запленија мобилен телефон за време на претресот. Ова е исклучително загрижувачко, бидејќи нема причина таков материјал да биде приведен – локалните медиуми ги објавија зборовите на американскиот обвинител Франциско Наваро на рочиштето на 17 декември минатата година во Федералниот суд во Бруклин.

Адвокатот на Гогиќ, Џозеф Короцо го оспори обидот на федералните обвинители да го отстранат од случајот, нарекувајќи ги обвинувањата за манипулирање со поротата и заплашување на сведоците неосновани. Тој тврди дека федералните власти се обидуваат да го дискредитираат уште од 1990-тите.

Вреден товар кокаин

Горан Гогиќ се изјасни за невин по ниту една точка пред Федералниот суд на САД во Њујорк, покажуваат судските записи. Федералните агенти го уапсија Гогиќ на 30 октомври 2022 година, додека се качувал на лет од Мајами до Цирих. Обвинителите тврдеа дека тој се координирал со членовите на екипажот на комерцијални бродови што се користат за транспорт на дрогата, со трговци со дрога во Колумбија кои го набавувале кокаинот, со оператори на глисери кои го доставувале на контејнерски бродови во Јужна Америка и со луѓе во пристаништата што чекаат да го примат кокаинот кога ќе пристигне на неговата дестинација. Американските власти тврдеа дека тој не бил ниско рангиран шверцер на дрога во наводниот заговор, туку „високопрофилен трговец со наркотици за балканските картели“.