Њујорк никс ноќеска го победи Сан Антонио спарс со 107:106 во четвртиот натпревар од финалето на НБА-лигата.
Домаќините се вратија од 29 поени негатива и на крајот се радуваа на победата.
Најефикасен на дуелот одигран во „Медисон Сквер Гарден“ беше Џејлен Брансон, кој постигна 36 поени.
Најдобар стрелец во поразениот тим беше Виктор Вембањама, кој имаше дабл-дабл од 24 поени и 13 скока.
Никс сега водат во серијата со 3-1. Петтиот натпревар ќе се одржи на 14 јуни, на теренот на Спарс во 2:30 часот по македонско време







Comments are closed for this post.