Селекторот на македонската репрезентација, Гоце Седлоски даде свое видување за моменталната ситуација во националниот тим.
„На последните два натпревари повикав повеќе фудбалери и од македонското првенство, сите добија шанса.. Од младата репрезентација бараме да начин да се поправи ситуацијата, можеби ќе излезе некое име што ќе нѐ изненади и ќе биде повикано, што не е случај засега. Јас сега не сум во Вардар и повеќе ќе ги следам сите генерации и сѐ што е квалитетно ќе го употребам да бидеме подобри. Се знае кога некој игра за репрезентација треба да има претходно резултати. Атмосферата мислам дека е добра и покрај поразот од Турција која е силна и треба да сме искрени за тоа. Ќе имаме тешки предизвици во Лигата на Нации кои сигурно ќе бидат тешки, јас знам дека тие што ќе бидат тука ќе го дадат максимумот. Но, важно е да го оставиме лошото зад нас, верувам дека доаѓаат подобри денови“, изјави предводникот на националниот тим.







Comments are closed for this post.