Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против Кипар во мартовскиот бараж за опстанок во Б дивизијата во Лигата на нации, одлучи денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.
Македонија се најде меѓу четирите носители во жрепката и својот противник го чекаше од вториот шешир во кој покрај Кипар се најдоа и Естонија, Фарски Острови и Белорусија.
Бараж натпреварите ќе се играат во периодот помеѓу 25 и 30 март 2027 година, во два натпревари, дома и на гости.
Македонската репрезентација како носител ќе ја има предноста од домашен терен на реваншот.
Избраниците на селекторот Гоце Седлоски во својот премиерен настап во Б дивизијата завршија последнопласирани во групната фаза без освоен бод и со само еден постигнат гол, додека Кипар го освои второто место во Ц2 групата во која играше против Црна Гора, Ерменија и Летонија.







Comments are closed for this post.