Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз од 2:0 вечерва во Љубљана од Словенија во вториот дуел од групата од Лигата на Нациите. По првиот дел во кој домаќинот беше подобар ривал, головите беа постигнати во вторите 45 минути.
Словенија поведе во 52.минута преку Санд Ловриќ, кој ја казни грешката на нашата одбрана. Во продолжението селекторот Гоце Седлоски направи измени во составот, но не успеавме да дојдеме до шанса за гол. Словенија вториот гол го постигна по контранапад, а стрелец беше Аљоша Матко. Македонскиот тим првиот удар кон противничкиот гол го имаше во 83.минута преку Христијан Малески, но неговиот удар Јан Облак го одбрани.
Македонската репрезентација одигра уште еден натпревар без постигнат гол и ја продолжи серијата натпревари без триумф.
Во вториот дуел од групата Швајцарија ја победи Шкотска како гостин со 3:0.
На чело на табелата во Б1 групата од Лигата на Нациите е Швајцарија со 6 бодови, Словенија има 4, Шкотска 1 и Македонија е последна без бод.







Comments are closed for this post.