Светското првенство во 1974 година во Западна Германија требаше да биде круна на една од најталентираните генерации во историјата на југословенскиот фудбал. Сепак, наместо да се бори за самиот врв, турнирот беше запаметен по нарушената атмосфера поради неплатените премии и „војната“ на производителите на спортска опрема, како и урбаната легенда која вели дека Јосип Броз Тито лично ја „продал“  „утакмицата“ на Германците за државен заем.

 Југославија пристигна на турнирот откако ги пропушти првенствата во 1966 и 1970 година со еден Македонец а тоа беше Кирил Дојчиновски.

Почетокот на турнирот беше како сон: Југославија – Бразил 0:0 , Југославија – Шкотска 1:1 Во втората групна фаза, на сцена стапи „балканскиот менталитет“. На играчите им беа ветени премии во износ од тогаш огромни 15.000 марки. Сепак, плаќањето било блокирано со образложение дека тоа ќе „ја прекрши клаузулата за девизен курс“. Атмосферата во тимот била нарушена преку ноќ.

Во тимот се водела вистинска војна меѓу производителите на спортска опремаПума и Адидас. Пума нудела богати договори  па Драган Џајиќ и  Мариќ добиле 20.000 марки за носење копачки Пума. Во тоа време, Југославија била на работ на економски колапс, а Јосип Броз Тито пристигнал во Германија токму во времето на првенството, барајќи заем од 700 милиони германски марки.

Тито не дошол на мечот, но и Југославија никогаш не го вратила заeмот.

Извор Klix.ba