Долго очекуваното враќање на професионалниот тенис на легендарната Серена Вилијамс ќе се случи овој месец кога 44-годишна Американка ќе настапи на турнирот на трева во Квинс, објавија денеска организаторите.
Серена Вилијамс доби вајлд – карта од организаторите и ќе настапи во двојки.
Последниот настап на 23-кратната грен слем шампионка беше во септември 2022 година, кога се повлече од професионалниот тенис по поразот во третото коло на Ју Ес Опен.

„Лондонскиот Квинс Клуб е совршено место за почеток на ова ново поглавје. Тревата ми донесе некои од најважните моменти во мојата кариера и возбудена сум што му се враќам на натпреварувањето на една од најзначајните сцени во спортот“, рече Вилијамс.

Женскиот турнир во Квинс ќе се игра од 8 до 14 јуни