Тренерот на Арсенал, Микел Артета, го коментираше поразот од ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите (1:1, 3:4 на пенали).

– Што чувствувам сега? Болка. Лесно можеше да ни биде досуден пенал на Мадуеке. Честитки до ПСЖ и Луис Енрике. Тие се најдобриот тим на светот. Габриел сакаше да го изведе последниот пенал. Трениравме за овој момент. Освоивме голем трофеј, но го пропуштивме најголемиот. Губење трофеј на пенали… Никој не може да ја одземе таа болка. Им кажав на играчите и персоналот дека дури и да кажам „благодарам“ милион пати, тоа нема да биде доволно, рече 44-годишниот Артета на прес-конференцијата по синоќешниот натпревар.

 

Артета е во Арсенал од декември 2019 година. Тој сезонава ги предводеше „Топчиите“ до трофејот во англиската Премиер лига.