Македонската машка ракометна репрезентација тренираше вечерва во „Арената Татран“ во Прешов вечерва во 19 часот против домаќинот Словачка ќе го игра првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство во 2027 година.

Голманот Никола Митревски очекува тежок натпревар против незгоден противник.


„Словачка е голема непознаница за нас. Никогаш не сме играле против нив и овој натпревар секако ќе биде тежок и незгоден затоа што играме на гостински терен. Сепак, мислам дека добро се подготвивме и очекувам добар натпревар од наша страна“, изјави Митревски.