Екипите на ПСЖ и на Арсенал вечер во Будимпешта ќе се соочат во финалето на Лигата на шампионите на УЕФА сезона 2025/26.

Парижаните го бранат трофејот освоен минатата сезона по убедливите 5:0 против Интер во финалето. Ова е единствениот трофеј за ПСЖ од елитното фудбалско натпреварување.

Арсенал никогаш не ја освоил Лигата на шампионите. „Топчиите“ само еднаш стигнале до финалето, во сезоната 2005/06 но не успеаја да станат европски шампиони. Лондонскиот тим тогаш беше предводен од тренерот Арсен Венгер. Во финалето Арсенал загуби од Барселона со 2:1.

Натпреварот ќе се одржи на „Пушкаш Арена“ во унгарската престолнина со почеток во 18 часот.

Арсенал има шанса на Англија сезонава да и го донесе и третиот трофеј од евро-куповите. Претходно во Лигата на Европа на тронот се искачи Астон вила, додека во Конференциската лига триумфира Кристал Палас