Шампионот од 2016 година, Енди Мареј беше елиминиран во четвртфиналето на тенискиот турнир во Пекинг, со награден фонд од 3,5 милиони долари.

Поранешниот број 1 во светот Мареј загуби од лидерот во шемата на Доминик Тим (Австрија) со 2:6, 6:7 (3), но во кинеската престолнина тој покажа дека се вратил во својата препознатлива форма осум месеци по операцијата на колкот.

Шкотот, 503-ти во светот во моментот, успеа да направи брејк и беше дури и на две поени од освојувањето на сетот при 6:5 и 40:40, но Австриецот го задржа својот сервис, а потоа поведе со 5-1 во тајбрејкерот на својот пат до крајна победа.

За местото во финалето Тим ќе игра против број 4 во шемата, Карен Хачанов (Русија), кој го елиминира шестиот во шемата Фабио Фоњини (Италија) со 3:6, 6:3, 6:1.