Се појавија фотографии од македонскиот фудбалер Музафер Ејупи кој е со сериозни повреди по тепачката во која учествуваше во Копривница. Тој настапува за Славен Белупо во Хрватска и се нашол среде тепачка во вечерните часови во градот.

Накратко бил приведен но набрзо бил пуштен. Од тепачката се здобил со сериозни повреди на главата, расеченици на аркадата и увото како и повреди на носот.

Ејупи има 31 година и е поранешен македонски репрезентативец.