Со цел заштита на младата популација од лоши и несоодветни навики за нивната возраст, се вели во законското образложение, се предлага деловните простории, односно уплатно-исплатните места во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од основни и средни училишта.

Обложувалниците најавуваат дека ако се усвои овој закон тоа ќе значи дека ќе затворат најголем број од објектите.