Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо е критикуван за неговиот гест по победата во натпреварот од шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Шабаб (3:2), пренесува „Асошиетед прес“.
Откако Андерсон Талиска го постигна победничкиот гол во 86. минута, многу навивачи на Ал Шабаб почнаа да го скандираат името на Лионел Меси. Како одговор на ова, 39-годишниот Португалец покажа непристоен гест кон трибините. Локалните медиуми јавуваат дека Саудиската фудбалска федерација покренала истрага против Роналдо.
— @TrollFootball Videos (@TF_Video) February 25, 2024
Самиот Роналдо постигна гол на овој натпревар – реализираше пенал во 21. минута.
Ал-Наср е на второто место во поредокот на првенството на Саудиска Арабија со 52 бода. Ал Шабаб има 24 бодови на 12. позиција
Comments are closed for this post.