Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси е суспендиран и парично казнет поради црвениот картон и коментарите кои му ги упати на судијата Марија Диаз во мечот против Чиле на Копа Америка.

Меси беше исклучен заедно со Гари Медела, откако жестоко го навредуваше судијата.

По мечот, Меси ‘удри’ по судијата и по организаторите на Копа Америка. Порача дека првенството е наместено за Бразилците да триумфираат. Аргентина на Копа Америка во полу-финалето загуби од Бразил 0-2, а на тој меч не беше суден барем еден пенал за нив.

Не би требало да биде дел од оваа корупција, покажаа помалку почитување кон Аргентина. Не ни дозволија да бидеме во финалето. Корупција, судии… не им дозволија на луѓето да уживаат во фудбалот, изјави Меси.

Аргентинецот има забрана за настап на еден натпревар, како и парична казна од 1.500 долари.