Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена поминаа неколку дена на северот на Црна Гора, на планините Жабљак и Дурмитор, Јасеново Поље кај Никшиќ, од каде што потекнува семејството Ѓоковиќ.

Најдобриот тенисер на сите времиња времето на ова место го искористи да ја посети црквата Свети Архангел Михаил, чиј голем добротвор е. За обнова на храмот даде 10.000 евра а пред неколку години даде 35.000.