Прва радост за Металург во Лигата на шампионите. Потешко од очекувањата совладан е Чеховски Медведи со 25-24.

Иако нашите ракометарите имаа водство во текот на целиот меч, во еден период дури и шест гола разлика на крајот мораат да спасуваат победа или реми.

За прва радост оваа сезона најзаслужни се голманите Даниловски и Томовски кои ги скротуваа ударите од седум метри но и од поле.

Се чини дека новите заслилувања се полн погодок , но и она што се говори дека ракометарите се во целост исплатени од парите што ги доби клубот од трансферот на Јагањац во Нексе.