Фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, наскоро ќе стане играч на Реал, објавија шпанските медиуми. Според АС, трансферот ќе биде формализиран следната недела.
Оваа одлука била донесена со цел играчот да не биде дефокусиран од тековните предизвици на Ајнтрахт, кој има само уште еден меч во Бундеслигата оваа сезона. Во последната рунда Ајнтрахт кој се бори за место кое обезбедува учество во Лигата на шампионите, ќе игра со Баерн Минхен.
Дваесет и едно годишниот Србин оваа сезона настапи на 47 натпревари за германскиот тим, постигна 27 гола и оствари седум асистенции.
Трансферот се проценува на 55 милиони евра.
Comments are closed for this post.