акометниот клуб Вардар во следниот период ќе биде предводен од љубеникот на навивачите на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ, потврди денеска претседателот на клубот Михајло Михајловски.

За Вујовиќ кој на клупата ќе го наследи Стевче Алушовски, ова ќе биде трет мандат со двократниот европски шампион откако на чело на клубот од Скопје беше во периодот од 2006 до 2009 и од 2011 до 2013 година.

Потврдувам дека Веселин Вујовиќ е нов тренер на Вардар, изјави кратко претседателот на клубот на прес-конференцијата.