Со историската победа на фудбалерите вчера против Грузија, Македонија за прв пат ќе учествува на Европското првенство во 2021 година. Српскиот претседател Александар Вучиќ и го честиташе на Македонија историскиот успех и пласманот на македонските фудбалери на ЕП и воедно напиша дека дека со цело срце ќе навиваат за нас.
Имено македонската репрезентација е единствена од регионов која освои пласман за Европското првенство наредната година што е успех плус за нас како држава.
Во честитката Вучиќ напиша дека за време на првенството Србија и српските граѓани ќе бидат со цело срце со нас.
На сите граѓани на Северна Македонија им го честитам историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европско првенство. Ние, граѓаните на Србија, ќе бидеме со целото срце со вас, напиша Вучиќ
Svim građanima Severne Makedonije čestitam na istorijskom uspehu i plasmanu fudbalske reprezentacije na Evropsko prvenstvo. Mi, građani Srbije, bićemo svim srcem uz vas.
Posted by Aleksandar Vučić on Friday, November 13, 2020
Comments are closed for this post.