Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ, уште еднаш покажа зошто уште сега, практично ја има обезбедено наградатра за најдобар дебитант во НБА лигата. Дончиќ постигна 11 поени во поселдните три минути од дуелот на Далас маверикс против Хјустон рокетс, со што сам ја надомести предноста од осум поени на „ракетите“ и го однесе својот тим до триумф од 107-104.
Шоутго на Дончиќ почна на три минути и девет стотинки до крајот кога со двете реализирани слободни фрлања на Нене, Хјустон дојде до предност од 102-94. Од тој момент следуваа тројка на Дончиќ од аголот, па уште една тројка со чекор наназад преку Клинт Капела, па положување и уште една тројка со, веќе препознатливиот за Дончиќ, чекор наназад. По таквата поентерска „експлозија“ резултатот гласеше 105-102, на 57 секунди до крејот, предност што кошаркарите на Далас ја претворија и во триумф.
Со таквиот фуриозен финиш на средбата, Дончиќ ја засени одличната партија на актуелниот МВП во лигата, Џејмс Харден, кој мечот го заврши со 35 поени и осум асистенции.
Резултати од синоќешните натпревари
Далас – Хјустон 107-104
Кливленд – Вашингтон 116-101
Њујорк – Бруклин 104-112
Чикаго – Бостон 77-133
Мемфис – ЛА Лејкерс 88-111
Портланд – Минесота 113-105
ЛА Клиперс – Мајами 98-121
Индијана – Сактраменто 107-97
Атланта – Денвер 106-98
Comments are closed for this post.