На денот кога треба да се игра финалето на Лигата на шампионите, фудбалскиот свет остана во шок по веста за смртта на 35-годишниот шпански фудбалер Хозе Антонио Рејес во сообраќајна несреќа.
Веста за смртта на поранешниот репрезентативец на Шпанија и фудбалер на Севилја, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Арсенал и Екстрамадура, ја објавија од фудбаслкиот клуб Севилја на својот твитер профил.
Не може да објавиме потажна вест. прославената ѕвезда на Севилја, Хозе Антонио Рејес, загина во сообраќајна несреќа. Почивај во мир – се наведува во објавата на клубот.
We couldn’t be confirming worse news. Beloved Sevilla star José Antonio Reyes has died in a traffic collision. Rest in peace. pic.twitter.com/qeGl2nsi3c
— Sevilla FC (@SevillaFC_ENG) June 1, 2019
Comments are closed for this post.