Рекорден број на пријавени учесници на „Женската трка“ чие седмо издание ќе се одржи во недела. Стартната точка е кај фонтаната Лотос, на булеварот Илинден, во 9 и 30 часот. Новина годинава е дека трката, која е дел од скопскиот Виз Ер маратон, ќе биде надополнета за километар и ќе се трчаат три километри.

Освен натпреварувачкиот карактер во седум возрасни категории, како и секоја година, трката има и хуманитарен крактер.

„Доколку се обединиме, следната година на стартот може да ја видиме Снежана Караџовска од Скопје“, која пред околу три години во тешка сообраќајна несреќа во Турција при судир на туристички автобус од Македонија и турски камион остана без нозе, рече Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Град Скопје.

На трката ќе учествуваат и најдобрите атлетичарки од Македонија во долги патеки, со што како најави директортот на Виз Ер Скопски маратон, со сигурност ќе има интересна трка, иако целта не е од толку натпреварувачки карактер колку што е за забава и дружење.