Утре на Градскиот стадион ќе се одигра мечот од квалификациите на Конференциската лига меѓу Шкупи и Левски. За она што се сеќаваат Левски е тимот од филмот на Дарко Митревски „Трето полувреме“ кој за време на бугарската окупација играше со ФК Македонија и му ја одзеде титулата.
Но, сега се некои други времиња и ова е натпревар од висок ризик поради ситуацијата меѓу Македонија и Бугарија и уцените кои источниот сосед од нас ги бара за да почнеме преговори со ЕУ.
Навивачите на Левски важат за едни од најрадикалните и националистички настроени. Околу 1000 од нив ќе дојдат во Скопје за да го бодрат својот тим но и да провоцираат.
На нивната Фејсбук страница веќе има препораки по која рута да се движат низ градот и во никој случај да не носат ладно оружје бидејќи македонската полиција нема толеранција.
Натпреварот утре почнува во 21 часот и е меч од висок ризик.
Comments are closed for this post.