Ако фубалскиот меч Македонија – Косово на скопската арена „Тодор Проевски“ се игра без публика, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе им ги врати парите на сите кои купиле влезници, соопшти македонската „куќа на фудбалот“.

Причина за играње пред празен стадион е коронавирусот. Евентуалната одлука да се игра без гледачи, би бил голем хендикеп за македонската репрезентација, но како што информираа од Министерството за здравство, на прво место е здравјето на граѓаните.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека препораката за спортските настани да се играат без гледачи се продолжува до 13 март, а голема е веројатноста препораката да продолжи и понатаму, се додека се шири бројот на заболени во Европа.