Австралискиот натпреварувач во мешани боречки вештини (ММА), Александар Волкановски, кој има потекло од Македонија, е шампион во УФЦ, откако го совлада Американецот Макс Холовеј со едногласна одлука во ко-главниот настан на УФЦ 245 во Лас Вегас.

Популарниот Александар Велики неколку дена пред мечот со Холовеј позираше со знаме на Обединета Македонија, момент кој беше гордост за сите Македонци од целиот свет.