Иако Грција не е некоја сила во ракометот, посебно не во женскиот, нашиот јужен сосед ја има една од најубавите ракометарки.

Станува збор за Ламприни Цакалу, која настапува за Подравка од Копривница.Таа е вистинска ѕвезда во Хрватска, весниците се натпреваруваат да ја имаа на насловните страници. Ламприни плени со својата убавина и има африканско потекло, потечно од Конго.

Обожува да се слика на социјалните мрежи и подеднакво го сака Егејското но и Јадранското море.