Англискиот фудбалер Вејн Руни, кој  настапува за американскиот ДЦ Јунајтед, се најде во центарот на најновиот спортско-естраден скандал што ја потресе британската јавност. Сакндалот изби откако англиските медиуми го „уловија“ Руни како влегува во хотелска соба на хотелот „Хајат реџенси“ во Ванкувер со жена којашто не е неговата сопруга.

Како што објави „Сан он сандеј“, фотографиите на Руни со неговата мистериозна пријателска со тетоважи на раката биле снимени во 5.30 часот наутро, по неколку забави полни со алкохол на коишто Руни бил со своите соиграчи од клубот.

Чекаа некое време, по што заедно влегоа во лифтот – вели за „Сан“ сведок на средбата што излезе во јавноста.

Веднаш по обелоденувањето на фотографиите, „Дејли мејл“ објави дека Колин, сопругата на Руни и мајка на негвите четири деца, била бесна  кога ги видела фотографиите. Таа го извадила венчалниот прстен од раката и побарала од Вејн веднаш да се врати во Вашингтон и да го раскине договорот со ДЦ Јунајтед.


Како што пишува „Дејли мејл“ барањето на Колин, Руни да ја заврши авантурата во американското првенство е со желба тој целосно да се посвети на животот со неа и четирит деца во семејната куќа во Чешајр во Англија.