Ракометарите на Вардар минимално го совладаа градскиот ривал Металург во СЕХА лигата. 26-27 во „Борис Трајковски“ иако мора да се признае дека европскиот великан играше со половина сили. Ги немаше неколкумина стандардни првотимци, а на голманската позиција беше третиот голман Кициќ.
Металург цело време беше рамноправен па дури неколкупати беше во водство. Младата екипа покажа дека има иднина и дека Словенецот Шпенде може да биде вистински лидер следната сезона.
Штета што токму Шпенде не го искористи последниот напад за изедначување, но ракометарите на Вардар неколкупати искусно го сецкаа нападот на домаќините и тоа му оставија шут во последната секунда кој заврши крај голот.
Comments are closed for this post.