Блексава вечер, блескава партија, блескав резултат за Вардар. Македонскиот шампион е шампион на Европа. „Црвено-црните“ во финалето од Фајнл фор турнирот го совлдаа унгарски Веспрем со 27-24 со што ја вратија во свој посед титулата освоена во 2017 година.
Вардарци почнаа да го кршат отпорот на Веспрем уште по десетина минути игра и малку по малку дојдода до пет голови предност на полувреме, со резултат 16-11.
По таквата игра и предност на Вардар, Унгарците заиграа многу поцврсто во вториот дел и предводени од голманот Арпад Штербик почнаа да ја топат предноста на Вардар. Така по пет минути игра кога Вардар имаше играч повеќе, „црвено-црните“ имаа неверојатна криза, нереализираа четири напади по ред, за разлика од ракометарите на Веспрем, кои казнува во контреи и дојдоа на само еден разлика.
Црната серија на Вардар, конечно ја прекина Бразилецот Мораеш, во 11 минута од вториот дел, кога успеа да го совлада разгоропадениот Штербик и врати на два разлика. Следуваше период на играта во кој двете екипи практично наизменично постигнуваа голови.
Клучните моменти се случија нa 3,40 до крајот кога при резултат 25-23, голманот на Вардар Дејан Милосављев одбрани, вардарци во следниот напад ја загубија топката, но во одбрана, пак, успеаја да ја вратат во свој посед. Моралот на Веспрем беше скршен во следниот напад кога Иван Чупиќ реализира од крило за три разлика 26-23.
Последниот обид Унгарците го направија преку Ненадиќ кој намали на два разлика, но повторно Чушпиќ, со гол од пенал го постави резултатот на 27-24, со што стави точка на финалето и го означи мжпочетокот на огромното славје на теренот и трибините во Келн, но и ширум Македонија.
Comments are closed for this post.