Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк посочи дека неговиот тим мора да биде 100 отсто совршен до крајот на сезоната во Премиер лигата за да има шанса да ја освои титулата за првпат од 1990 година.

Тимот од Мерсисајд е лидер по 35-тото коло со 88 поени, два повеќе од Манчестер Сити (86), но „граѓаните” имаат натпревар помалку. Во меѓувреме, Ливерпул направи најдолга серија на победи во неделата против Кардиф Сити (2:0), продолжувајќи ја на девет последователни натпревари, откако последната слична таква датира од април 2014 година.

Натпреварот помалку на Сити ќе се игра во среда, откако на програмата е втората епизода на дербито во Манчестер. Ако Сити победи, натпреварите ќе се израмнат и ќе имаат бод пред нивниот ривал затитулата – Ливерпул.

Ван Дајк беше запрашан што му е потребно на Ливерпул во останатите натпревари, а Холанѓанецот одговори:

Мора да ги освоиме сите натпревари. Тоа е единственото нешто на кое сме фокусирани. Имаме уште три натпревари и ќе сториме се за да ги освоиме. Ние знаеме колку е тешко тоа, но ние сакаме и ќе се обидеме да го сториме тоа