Ваква Македонија сакаме.Ова е најчестата реченица што ја изговараат љубителите на фудбалот по вчерашниот меч против Италија. Борбеноста е она што ја одликкуваше нашата репрезентација на мечот против Италијанците на кои им станавме кошмар.
Иако за волја на вистината Италија го имаше поседот на топката од близу 80 проценти, ние одлично париравме на физичко-тркачки план и не „издишавме“. Дури Алиоски во судиското продолжение ја изнесуваше топката наместо како што сме навикнати да ја дува.
Селекторот Милевски
Овој меч на некој начин е и негова слатка одмазда. По срамниот пораз од Англија и несреќниот од Украина дома тој им ги затна устите.Навистина во претходните два меча Македонија покрај тоа што загуби и не играше ништо овој пат покажавме карактер. За чудо, се вративме во игра,особено што во прилог ни оди и нерешешениот исход меѓу Украина и Англија.
За италијанската репрезентација
Се чини дека Италија никогаш немала послаба репрезентација и не случајно не играш во Катар, а лесно може да не игра и на ЕП во Германија.
Просечни играчи, далеку од нивото од еден Џиџи Буфон кој во Скопје беше најголема звезда заедно со селекторот Спалети.
Comments are closed for this post.