Toa беше 1994 година, тежок период за Македонија и грчко ембарго. Од нас се бараше да го смениме знамето од Кутлеш а на химната ЕУ не гледаше со воодушевување. Во такво време-невреме Македонија играше во Брисел квалификации за ЕУРО 1996.

Тој 16.11.1994 селекторот Андон Дончевски ја одигра главната улога и се закани дека нема да излеземе на мечот додека не ни се дозволи барем да се интонира химната кога веќе ни го забранија знамето.

Така и беше и додека се интонираше химната играчите беа свртено кон македонското знаме во публиката.

Инатот македонски проработе и со голот на Зоран Бошковски – Чоко одигравме 1-1. Нека се повтори и вечерва во Гент.