Почина Бернард Тапи, долгогодишниот сопственик на Олимпик Марсеј. Тој беше главен во францускиот  фудбал во деведесеттите години кога играше два пати играше во финалето во тогашниот Куп на шампиони. Во 1991 година беше поразен од Црвена Звезда а следната година го освои против големиот Милан.

Во тоа време за Марсеј играа големи играчи како Пикси, Кантона, Бокшиќ, Водл, Олмета…

Бокшиќ има изјавено дека Тапи често местел натпревари и од наместениот меч им давал премии. Тапи се обидел да го намести и финалето против Цвезда нудејќи му пари на голманот Стеван Стојановиќ но тој ги одбил.