Украинката Марта Костјук беше исвиркана во Париз откако одби да се ракува со Белорусинката Арина Сабаленка по поразот во првото коло на Ролан Гарос со 6:3, 6:2.
Двете девојки ја немаа традиционалната фотографија од фрлање паричка пред натпреварот. Кога заврши дуелот, Костјук само ја подаде раката на судијата и се упати кон клупата, што предизвика негодување од трибините.
Украинката веќе одби да се ракува со тенисерки од Русија на неколку турнири, а сега актуелна беше и Сабаленка која доаѓа од Белорусија. Русија и Белорусија се во коалиција во војната што се води на тлото на Украина.
„Мислам дека луѓето треба да се срамат од себе што ми свират. Сакам да видам како ќе реагираат за десет години кога ќе се сетат на ова и кога ќе заврши војната. Сигурно нема да им биде удобно“, изјави Костјук.
Украинката ја навела и причината зошто не и подала рака на Сабаенка.
„Таа никогаш лично не кажа дека е против агресија врз Украина. „Таа само употреби општи фрази за тоа како сите се против војната“, рече Костјук
Comments are closed for this post.