Репрезентацијата на Украина со храбра славеше на гостувањето кај Шкотска со 1-3 во полуфиналниот двобој за пласман на Светското првенство во Катар.

Украинците поведоа со 0-1 со голот на Јармоленко во 33. минута. На 0-2 зголеми Јаремчук во 49. минута. Домаќините намалија на 1-2 со голот на Мекгрегор во 79. минута, а конечните 1-3 ги постави Довбик во 95. минута. Во еден крајно емотивен меч за Украинците кој е прв по инвазијата на Русија на нивната земја успеаја да слават на тешкото гостување во Шкотска и да стигнат на само еден натпревар од ново учество на Светското првенство.

Во финалето од баражот Украина ќе игра против репрезентацијата на Велс.