Освојувачот на Копа Америка, репрезентацијата на Аргентина го освои новото издание на натпреварувањето во кое играат шампионите на Јужна Америка и Европа наречено „финалисима“.

Гаучосите во финалето славеа над европскиот шампион Италија со 0-3. Сите дилеми околу победникот беа решени во првото полувреме. Прво Лаутаро Мартинез на асистенција на Лионел Меси донесе водство за Аргентина од 0-1 во 28. минута. Анхел ди Марија во првата минута од судиското надополнување зголеми на 0-2. Конечните 0-3 во 94. минута ги постави Пауло Дибала.