Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри донел одлука да го напушти италијанскиот шампион по крајот на сезоната. Стратегот ќе биде заменет од францускиот селектор, Дидие Дешамп.
Информацијата е потврдена од страна на поранешниот спортски директор на Наполи, Удинезе и Аталанта – Пиерпаоло Марино, кој за торинскиот спортски весник „Тутоспорт“ најавил дека летово ќе има сериозни промени во Јуве.
Алегри нема да остане во Јувентус, но одлуката за тоа е целосно негова. Раководството веќе има одлука негова замена да биде Дешамп – коментирал Марино.
Ваквата тренерска рокада ќе значи враќање во Дешамп во Јувентус. Тренерот, кој со Франција изминатото лето стана Светски шампион, беше фудбалер на „Старата Дама“, а потоа и тренер на тимот по скандалот „Калчополи“ во сезоната 2006/07.
Comments are closed for this post.