Во Германија втората и третата лига се едни од најсилните во светот. Одлични натпревари, цврст фудбал, борба за секоја топка.

Борбата за опстанок помеѓу екипите на Браушвајг и Мепен донесе неколку смешни сцени. Напаѓачот на домаќините Мануел Јанцер се обидуваше да постигне гол, но за жал кога не сака не сака.

Прво од еден метар успеа да промаши празен гол.Изнервиран остана да лежи на гол линијата додека неговата екипа имаше шанса. Топката се одби  наместо во голот го погоди Јанцер. Баксуз.