Турски ММА борци станаа херои по синоќешниот терористички напад во Виена, откако спасија живот на полицаец и на постара госпоѓа. Тие виделе дека ранета жена, па ја однеле во блискиот ресторан, а потоа тргнале во нова спасувачка мисија. Имале блиска средба со терористите, а еден од нив дури е ранет.
Терористот нишанеше во мене, ја се фрлив на земја и се обидов да се превртам. Еден куршум ме погоди во десната нога, но за среќа не е голема раната. Влеговме во автомобилот на нашиот пријател и заминавме во полиција да им кажеме што се случило, вели Гултекин.
Додека се возеле спасиле и ранет полицаец кој го однеле до возилото на Брза помош. На снимката се гледа како терорисот пука во ММА борците и погодува еден од нив.
Инаку, синоќа во Виена имаше терористички напад. Според првичните информации загинале четири лица, а 17 се повредени.
Viyana’da silah sesleri.
— Sibel Karkuş (@KarkusSibel) November 2, 2020
Comments are closed for this post.