Претседателот на Турскиот фудбалски сојуз, Јилдирим Демирорен, изрази надеж дека УЕФА ќе и ја додели на неговата земја организацијата на Европското првенство во 2024 година.
Главен противкандидат за добивање на ЕУРО 2024 на Турците им е Германија.
Во Турција се изградени многу модерни стадиони, за разлика од стадионите во Германија, коишто се стари и „истрошени“. Со право се надеваме дека ќе ја добиеме организацијата, вели првиот човек на турскиот фудбал.
Досега Турција не била домаќин на ЕП, а во случај да го добие, тоа би се играло на 10 стадиони во девет градови.
УЕФА одлуката ќе ја донесе за состанокот во Нион закажан за 27 септември.
Comments are closed for this post.