Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел смета дека неговиот тим има сили за да извојува победа на Олд Трафорд против Манчестер Јунајтед во натпревар од осминафиналето од Лигата на шампиони. Но сепак предупредува дека Манчестер Јунајтед е голем предизвик. Иако неговиот тим е фаворит.

Располагаме со потребните квалитети за да победиме на „Олд Трафорд“. Сигурен сум во тоа, но Јунајтед е сериозен тест, голем предизвик. Ако бев неутрален гледач, сигурно би го гледал дуелот на телевизија. Не верувам дека сме фаворити, бидејќи во оваа фаза на турнирот силите се веќе многу израмнети. Ние треба да почитуваме клуб како Манчестер Јунајтед, кој има толку успеси во европските клубски турнири. Голема грешка од наша страна ќе биде ако од сега размислуваме за овој натпревар, изјави тој.