Фудбалерите на Манчестер Сити го освоија Суперкупот на Европа со победата против Севиља по изведувањето пенали на стадионот „Јоргос Караискакис“ во Атина, по регуларното време 1:1, а трагедијата беше српскиот репрезентативец Немања Гудељ кој го промаши решавачкиот пенал и удри во пречката.

По натпреварот се зборуваше за тоа и тренерот на Севиља призна дека другиот играч немал храброст да шутира, затоа и Гудељ тоа го направи во решавачката серија.

На трибините беше и Цеца Ражнатовиќ со Анастасија и тетката Лидија кои не му донесоа среќа на идниот зет.