МЗТ Скопје по седми пат е шампион на Македонија. Вечерва и во третиот дуел го совлада Работнички во пресметката за кошаркарски првак на Македонија. Металците беа поуспешни со 85:78 и успеаја седми пат да се искачат на врвот на македонската  клупска кошарка.

23 поени кај победничката екипа постигна Иванов, додека Медфорд 16. Чековски и Костов со 17 беа најефикасни кај Работнички.