Семејниот собир во еден ресторан на семејството Алиоски денеска во Прилеп се претворил во кошмар. И само поради тоа што Езџјан Алиоски и неговите најблиски говореле на албански јазик, на својот мајчин јазик, објави спортмедиа.мк. 

Како што се вели во текстот македонскиот фудбалски репрезентативец тврди дека додека бил во еден ресторан заедно со своето семество, бил „замолен“ да стане и да си замине, а причината била во тоа дека тој со своите најблиски говорел на албански јазик.

Навистина сум фрапиран од тоа што се случи во Прилеп. Видете јас играм за репрезентацијата на Македонија, доаѓам од Англија со цел да играм со радост за оваа селекција а еве што доживувам тука. Имено кога со своите најблиски говорев на својот мајчин јазик, инаку не кријам дека сум Албанец, дојде еден човек и ми рече да го напуштам ресторанот само поради тоа што слушна на кој јазик јас комуницирам со своето семејство. Навистина немам зборови, на никого ова не го посакувам, изјави Алиоски.