Голманот на македонската репрезентација е херој во Шпанија.Неговиот Рајо извади бод на Ноу Камп а Столе три меча не прима гол од славната Барселона.

 Ова е Ла Лига, ние сме Рајо Валејкано и знаеме дека треба да страдаме на вакви натпревари. Секогаш треба да се бориме и пред секој натпревар на соиграчите им велам дека треба да се забавуваме додека страдаме. На крајот го направивме тоа и заслугата е за сите што ја сочувавме мрежата. Среќни сме, имавме план и го остваривме, освоивме бод и среќни сме со тоа, – изјави херојот Димитриевски.