Екипите на Тороно репторс и Голден Стејт вориорс одиграа натпревар што можеби најави што ќе се случува во финалето на НБА лигата сезонава. Таквата констатација стои не само поради тоа што тоа беше дуел на актуелниот шампион Голден Стејт со најдобриот тим во лигата сезонава, Торонто, туку и поради нивото на кошарка покажано на теренот.

А, таму, главните ролји ги имаа Кевин Дурант и Кавај Леонард. Дурант направи се што што беше во негова моќ за да го однесе својот тим до победа, вклучувајки ги и двете тројки во последните 45 секунди со што ја „стопи“ предноста на Торонто од шест поени разлика и обезбеди продолжение. Вечерта, Дурант ја заврши со 51 поен, 11 скокови и шест асистенции, но ни таквиот негов перформанс не беше доволен за победа.

Главен играч на спротивна страна беше Кавај Леонард, кој особено во финишот од средбата одговараше на секој потег на Дурант. Леонард натпреварот го заврши со 37 поени, осум скокови и три асистенции, но имаше поголема поддршка од своите соиграчи од кои петмина постигнаа двоцифрен број поени.

Резултати од синоќешните натпревари

Торонто – Голден Стејт  131-128 (прод.)

ЛА Лејкерс – Индијана  104-96

Сакраменто – ЛА Клиперс  121-133