Еден од најдобрите српски фудбалери на сите времиња, а подоцна и тренер Синиша Михајловиќ, почина по тешко и долго боледување на 53-годишна возраст, објави Газета дело спорт.
Михајловиќ почина во болница во Италија опкружен со своето семејство. Здравствената состојба рапидно му се влоши претходните денови, повеќе пати ја победуваше болеста, но леукемијата беше посилна.
Роден е на 20 февруари 1969 година во Вуковар, а професионалната фудбалска кариера ја започна во 1988 година во Војводина. Во декември 1990 година Црвена звезда го купи за еден милион марки, што беше апсолутен рекорд во југословенскиот фудбал. Во црвено-белиот дрес повеќе играше во средината, а дури по заминувањето во Рома во летото 1992 година почна да игра на позицијата „лев бек“. Две години подоцна бешево Сампдорија, а таму е „либеро“. Следуваше ангажманот во Лацио, а ги закачи копачките во Интер
Comments are closed for this post.