Екипата на Тотнем, која во средината на неделата се искачи на второто место во генералниот пласман во Премиер лигата, допушти пресврт и изненадувачки пораз со 1:3 од Вулверхемптон на „Вембли”.

Хари Кејн (22′) донесе предност за домаќините, но слабата игра на „петлите” по паузата беше казнета и „волците” стигнаа до целосен пресврт по голови на Вили Боли (72′), Раул Хименез (83′) и Елдер Кошта (87′).

Тоа беше уште едно силно претставување на тимот на Нуно Еспирито Санто против водечки тим во Премиер лигата. Вулверхемптон ги победи неодамна и Челзи, а освен тоа запиша реми со Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Резултати од Премиер лига, 20.коло:

Брајтон – Евертон 1:0
Фулам – Хадерсфилд 1:0
Лестер – Кардиф 0:1
Тотенхем – Вулверхемптон 1:3
Ватфорд – Њукасл 1:1