Навивачите на Хајдук, а на стадионот во Винковци имаше 614, создадоа сериозен хаос уште пред почетокот на натпреварот и влегувањето на трибините.

Полицијата казни 17 лица за разни прекршоци, а кај две лица беа пронајдени дроги, јавуваат хрватските медиуми.

Голем број искорнати столчиња завршија на атлетската патека, а камерата го сними моментот кога член на навивачката група „Торцида“ од Сплит испали сигнална ракета кон трибината со локалните навивачи.